Top Sport

Работнички се прошета до полуфиналето

Кошаркарите на Работнички први се пласираа во полуфиналето на завршниот турнир во Купот на Македонија. Екипата од „Градски парк“ походот кон десеттиот трофеј во Купот ја започна со убедливата победа над Карпош Соколи 103:49(26:9, 25:14, 22:15, 30:11).

Карпош Соколи минатата сезона го освои Купот чии завршен турнир се играше исто така во Кавадарци, но уште пред почетокот на ова издание на завршниот турнир дека „Соколите“ немаат теоретски шанси да го повторат тој подвиг.

Поради финансиската состојба во која се најде клубот во текот на сезоната заминаа најдобрите играчи и странците, па Карпош Соколи со млади сили ќе се натпреварува до крајот на сезоната.

Во рдна таква ситуација Работнички влезе во четвртфиналениот натпревар како апсолутен фаворит и улогата ја потврди во воведните неколку минути, а и на крајот од првиот период во кој псотигна 26, а прими само девет поени.

До крајот на мечот Работнички само ја зголемуваше предноста. Гимјард со 21 поен и 7 скока, односно Мираковски со 14 поени и 9 асистенции го предводеа Работнички, а кај Карпош Соколи се истакнаа Атанасов со 15 и Бешликовски со 12 поени.

Работнички во полуфиналето ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу Куманово и Гостивар. Дуелот ќе се игра в сабота од 18 часот.

Денес во Кавадарци на програмата се и преостанатите три четвртфинални пресметки: Блокотехна-АВ Охрид (15:30 часот), МЗТ-Фени индустри (18 часот) и Куманово-Гостивар (20:30 часот).

фото/mkf.mk

Scroll to Top