Top Sport

Работнички се засили со Расел Робинсон

Тимот на Работнички добива ново засилување во Американецот Расел Робинсон, плејмејкерот кој во „Градски парк“ доаѓа од полскиот Шчеќин.

31-годишниот искусен Американец, кој играл во повеќе европски лиги и во американската колеџ-лига, ќе биде новиот организатор на играта на Работнички. Расел претходно во кариерата настапуваше во Хувентуд, Трабзон и Кавала во грчката лига.

Тимот на Марин Докузовски со победа ја започна новата сезона на тешкото гостување со Куманово, а в сабота го игра второто коло против Фени И.

Scroll to Top