Top Sport

Радоњиќ си оди од Минхен, ќе го преземе Олимпијакос

Кошаркарскиот клуб Баерн Минхен му подготвил отказ на тренерот Дејан Радоњиќ. Баерн имаат лоша серија во Евролигата, а во последните две кола забележаа катастрофални порази од Жалгирис во Минхен и Црвена звезда во Белград. Доколку замине од Минхен, следна дестинација на црногорскиот тренер би можел да биде Олимпијакос. Инаку со Олимпијакос се поврзува и нивниот поранешен тренер Милан Томиќ, кој на почетокот на сезоната ја напушти Црвена звезда.

Специјализираниот кошаркарски портал „Јурохупс“ тврди дека Радоњиќ прашање на време кога Радоњиќ ќе доби отказ во Минхен. Истиот извор наведува дека тој веќе им бил понуден на Олимпијакос каде бил подготвен отказот за Литванецот Кестутис Кемзура.

Доколку се случат овие сценарија „Јурохуп“ го открива и името на новиот тренер на Баерн. Тоа би бил Велимир Перасовиќ кој пред две недели спогодбено се раздели со Басконија.

Scroll to Top