Најуспешните тренери во историјата на кошаркарските клубови Партизан и Црвена звезда, Душко Вујошевиќ и Дејан Радоњиќ од наредната сезона би можеле да работат заедно со екипата на Олимпија од Љубљана.
Како што пренесува љубљанскиот весник „Дневник“, но тренер на Олимпија би можел да биде Радоњиќ, а прв соработник би му бил некогаш големиот ривал Вујошевиќ.
Радоњиќ нема работа од минатта сезона, кога по нејзиното завршување замина од клупата на Црвена звезда, додека Вујошевиќ е актуелен селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
Медиумите во Словенија шпекулираат дека тренер на Олимпија би бил Радоњиќ, а Вујошевиќ би ја имал улогата на консултант, бидејќи поради здравствените проблеми и не може целосно да и се посвети на тренерската работа.
Доколку се остварат шпекулациите тогаш Вујошевиќ и Радоњиќ ќе ја обноват соработката. Радоњиќ во минатото му беше асистент на Вујошевиќ кога тој беше селектор на Црна Гора, а потоа на неговата препорака и негов наследник.
Олимпија е во моментов осма на табелата во АБА лигата со скор 7-1, а во саботата го мдекласира МЗТ во Скопје со 55:96.