Центарот на кошаркарската репрезентација на Србија, Мирослав Радуљица во интервју за „Еурохопс“ ги даде своите прогнози за Мундобаскетот во Кина кој стартува на крајот на месецов.
„Се знаеме долго, изразнавме заедно, поминуваме многу време заедно и надвор од теренот. Секогаш е голема гордост да се носи дресот на репрезентација и презимето на своето семејство на грбот. Тоа не е важно само за тебе, туку и за оние кои те поддржуваат“ – вели Радуљица.
На СП в0 2014 година и две години подоцна на ОИ во Рио селекцијата на Србија во финалињата губеше од САД.
„Тоа е секогаш додатна мотивација. Додека ја гледав снимката од нашето финале со САД во 2014 си мислев, баш би било убаво да играме со нив во финалето и овојпат да ги победиме. Тоа е мотив за сите да работат, да бидат со националниот тим“ – објаснува кошаркарот.
Селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ најави можност во Кина да патува со четворица центари – Јокиќ, Марјановиќ, Милутинов и Радуљица.
„Прилично сме големи и имаме добри играи на сите позиции. Тоа не е недостаток, туку квалитет повеќе затоа што можеме да изведуваме повеќе комбинации на теренот. Сакаме да проведуваме што повеќе време заедно, селекцијата ни е второто семејство. Одиме чекор по чекор“ – изјави Мирослав Радуљица.