Top Sport

Раѓа одговори: Златко Мамиќ ме буди секое утро!

Легендата на хрватската кошарка, Дино Раѓа саркастично му одговори на лидерот на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, откако тој пред неколку дена го прозва кошаркарот.

Во интервју во кое се зборуваше за претседателот на Хрватската фудбалска федерација, Давор Шукер, за смената на тренерот во Динамо и на други фудбалски теми, Мамиќ почна со навреди за Раѓа.

„Да даде Бог да ми се случи мене тоа што го посакувам на Дино Раѓа. Па човекот не знае како да стигне од морето до халата ’Грипе’ сам. Што направи како навивач на Хајдук? Што направи во клубот-наследник на легендарната Југопластика, еднаш најдобриот клуб во Европа? Што направи во Хрватската кошаркарска федерација околу развојот? Бламажа. И тој дели лекции и е промовиран во медиумите“, изјави Мамиќ.

За „Индекс“, Раѓа не сакаше да ги коментира навредите на Мамиќ, но имаше саркастичен одговор.

„Вистинска комедија. Зошто би се лутел на Здравко? Па јас сум неговиот најголем фан. Здравко мене секогаш ми помага. Кога морам да станам во 8 часот преку мобилниот оди неговото ’ѓубре, ѓубре, мучко ѓубре’, а ако морам да станам уште порано, тука е неговата изјава: ’прљав си, смрдиш’. Мене добро ми доаѓаат тие прес-конференции“, објасни Раѓа.

Scroll to Top