Top Sport

Рас и Џорџ го срушија шампионот (Видео)

Кошаркарите на Оклахома Тандер убедливо славеа во Оукланд кај Голден Стејт ориорс 125:105. Расел Вестбрук и Пол Џорџ ја предводеа Оклахома. Сенка на триумфут фрли повредата на Кармело Ентони кој по шест минути игра го повреди скониот зглоб.

Расел Вестбрук 21 од 34. поени постигна во првата четвртина, кога ги погиди првите десет шута од поле. Овој период Тандери го добија со 42:30.

Подоцна во ритам влезе и Пол Џорџ кој натпреварот го заврши со 38 поени, 6 украдени топки и 5 скока. Вестбрук на 34. поени придодаде по 9 скока и асистенции.

На спортивната страна Кевин Дурент постигна 33, а Стеф Кари 21 поени. Дрејмонд Грин поради две технички грешки предвреме го заврши натпреварот.

Хјустон победи во Бруклин 123:113, а Џејмс Харден ја мина границата од 15.000 поени во кариерата.

Харден натпреварот го заврши со 36 поени, Крис Пол постигна 25, а Клин Капела оствари „дабл-дабл“ од 18 поени и 11 скока.

Вицепрвакот Кливленд доживеа уште еден пораз на домашен терен. Орландо победи во Кливленд 116:98. Џонатан Симонс со личен рекорд од 34 поени го предводеше Орландо, додека кај Кливленд најефикасен беше Леброн Џејмс со 25 поени и 10 скока. Поразот од Орландо беше 14. за Кливленд на последните 21 натпревари.

Резултати:

Милвоки-Њујорк 103:89
Бостон-Торонто 91:111
Мемфис-Атланта 82:108
Вашингтон-Филаделфија 102:115
Феникс-ЛА Лејкерс 112:93

Scroll to Top