Top Sport

Ражнатовиќ: Ситуацијата во кошарката е алармантна

Еден од најмоќните кошаркарски менаџери Мошко Ражнатовиќ предуредува дека поради коронавирусот ситуацијата во европската кошарка станува алармантна. Тој смета дека Евролигата не се соочила со големи последици од пандемијата, но во пониските нивоа ситуацијата е катастрофална.

„На највисокото ниво, мислам на Евролигата, работите не се толку лоши. Меѓутоа, на средно и особено на ниските нивоа, ситуацијата е драматична. Никогаш не сум видел толку добри играчи да бидат без договор, и без големи шанси да најдат клубови. Ситуацијата би можела да биде уште полоша доколку НБА реши развојната лига да започне во зима 2021 година“, рекол Ражнатовиќ за грчкиот портал СДНА.

За потсетување поради пандемијата со коронавирусот сезоната во Евролигата и Еврокупот и најголемиот дел на првенствата во Европа најпрвин беше прекината, а потоа и откажана.

Scroll to Top