Top Sport

Реал Мадрид и по 12 години не го менува тренерот – Ласо со нов договор

Кога во 2011 година шпанскиот кошаркарски стратег Пабло Ласо (53) седна на клупата на Реал Мадрид никој сигурно не ни помислуваше дека тој и во 2021 година се уште ќе е на кормилото на „Кралскиот клуб“.

Трофејниот тренер ќе потпише нов двегодишен договор што без сомнение го прави најдолготрајниот евролигашки тренер.

Под негово водство екипата од главниот шпански град освои две титули во Европа (2015 и 2018), а во двете сезони Ласо е прогласен за најдобар тренер. Исто така освои и 5 титули шампион на Шпанија, шест трофеи во Купот на кралот, шест Суперкупа на Шпанија…

Иако на почетокот на тренерската ера во Реал беше потценет, Ласо покажа дека е феноменален стручњак и тимот го прави конкурентен сиве овие години.

Scroll to Top