Top Sport

Реал направи „брејк“ во Атина! (видео)

Откако во првиот меч од четврт-финалето на Евролигата, Панатинаикос славеше победа, Реал Мадрид врати на 1:1 откако победи со 89:82 во Атина.

Домаќините имаа предност на крајот на првата и на втората четвртина (40:36), но во второто полувреме „кралевите“ прават пресврт и во еден момент имаат предност од +7. Сепак, гостите не успеаја да се одвојат и на крајот славеа со идентична предност која ја имаа на полувремето.

Фелипе Рејес имаше 18 поени, додека 17 додаде Џејси Керол, додека Мајк Џејмс беше најефикасен кај „зелените“ со 20 поени и 6 асистенции.

ЦСКА Москва пак во руската пресметка поведе со 2:0 во серијата со Химки, откако стигна до победа од 89:84, предност направена во последната четвртина. Серхио Родригез имаше 26 поени и 10 скока, Кори Хигинс додаде 19, додека Гил имаше 24 за Химки.

Фото: ЕПА

Scroll to Top