Top Sport

Реал се засили со играч на Барселона

Реал Мадрид официјално се засили со кошаркарот на Барселона, Адам Ханга. Унгарецот во Мадрид пристигна како слободен играч.

Адам Ханга, со Реал, потпиша договор на две сезони, односно до крајот на сезоната 2022/2023.

Ханга, речиси целата своја кариера ја минува во Шпанија. Претходно играше во Басконија.

Унгарецот пред 10 години беше избран на НБА драфотот. Сан Антонио го избраа од претпоследната позиција, но тој никогаше не покажал желба да игра во НБА.

Специјалноста на Ханга е играта во одбраната, минатата сезона во Евролигата просечно бележел 4,6 поени по натпревар.

Scroll to Top