Top Sport

Ребрача: Ги тепавме најдобрите селекции додека нашата земја ја бомбардираа!

Трофејниот српски кошаркар Жељко Ребрача во разговор за шпанските медиуми се присети на времињата од 90-тите кога селекцијата на СР Југославија беше незапирлива во европската кошарка.

„Сакавме на сите да им покажеме дека сме најдобри, сите ни се плашеа, во цел свет не следеа како играме и што правиме, а ние тепавме со по 20 разлика. Во Србија сме како Битлси. Кога ќе влезевме во ресторан, јадеш без да платиш. Можевме да правиме што сакаме. Ние ги победувавме најдобрите екипи во светот, а баш тогаш нашата земја ја бомбардираа. Тоа ни даваше енергија да му покажеме на светот дека сме подобри од она што другата страна го покажува. Тешко е да се објасни тоа“ вели кошаркарскиот центар.

Тој во кариерата играше за Партизан, за Бенетон, Панатинаикос, за Валенсија.

Од 2001 до 2007 година играше во НБА, за Детроит, Атланта и ЛА Клиперс.

Со селекцијата на СРЈ го освои ЕП во 1995 и во 1997 година, но и СП во 1998 година.

Scroll to Top