Четворица играчи од просторите на поранешна Југославија одиграа добри натпревари за своите тимови во НБА лигата.
Највпечатлив беше дебитантот, Лука Дончиќ, кој уште еднаш им го покажа својот потенцијал на Американците. „Спектакуларниот руки“ како што веќе го нарекуваат американските коментатори, го одигра првиот меч за Далас во кој постигна најмалку 30 поени.
Далас Маверикс, во дербито на Тексас, беа поразени по продолжението од Сан Антонио 113:108, а Дончиќ натпреварот го заврши со 31 поен, осум скока и четири асистенции.
Никола Јокиќ, веќе има „име“ во НБА лигата, а изминатата ноќ беше на чекор до трипл-дабл. Денвер Нагетс г совладаа „у Орлеанс Пеликанс 116:111. Јокиќ во статистиката запиша 12 поени, 10 скока и девет асистенции. Во редовите на Њу Орлеанс се истакна Црногорецот со шпанско државјанство, Никола Миротиќ со 17 поени и 10 скока.
Сакраменто Кингс победија во Мајами 123:113, а најекспониран играч беше Немања Бјелица кој имаше учинок од 19 поени и по пет скока и асистенции. Во поразениот тим Горан Драгиќ постигна 20 поени.
Резултати:
Индијана Пејсерс-Портланд Трејлблејзерс 93:103
Филаделфија ’76-Атланта Хокс 113:92
Њујорк Никс-Бруклин Нетс 115:96
Милвоки Бакс-Торонто Репторс 124:109
Минесота Тимбервулвс-ЛА Лејкерс 124:120
Чикаго Булс-Голден стејт Вориорс 125:149