Победата на Голден Стејт над Атланта и поразот на Минесота од Јута привлекоа најмногу внимание изминатата ноќ во НБА лигата.
Голден Стејт тешко славеше над аутсајдерот Атланата 114.109, во натпреварот во кој Стеф Кари постави рекорд и се повреди.
Плејмејкерот на актуелниот шампион во финишот на првата четвртина го повреди зглобот, кусо време мина во соблекувалната и потоа се врати на теренот. Сепак од средината на третата червртина тој повеќе не влезе во игра. Од тимот известија дека се работи за претпазливоста, а Кари рекол дека ќе игра во вторник против Бруклин.
Кари и Дурент со по 28 поени беа најефикасни кај Голден Стејт, додека Бејзмор со 29 и Шрудер со 27 ја предводеа Атланта.
Инаку Кари на натпреварот во Атланта стана првиот играч во историјата на лигата кој во шест последовни сезони постигнувал најмалку 200 тројки. На вечната листа тој го престигна Реј Ален.
Јута и Минесота одиграа натпревар со пет технички грешки, две исклучувања и една неспортска грешка од втора категорија. Јута славеше 116:108.
Мечот предвреме го завршија Џае Краудер од Јута, односно Џеф Тиг и Карл-Ентони Таунс од Минесота.
Мичел беше најефикасен во редовите на Јута со 26 поени, а на спротивната страна поен повеќе постигна Вигинс.