Top Sport

Рекордна ноќ за Кливленд и Леброн Џејмс (Видео)

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс ја совладаа Атланта Хоукс 123:114, во натпревар во кој постигнаа 20 тројки, а Леброн Џејмс постави сезонски рекорд според бројот на асистенции.

Кливленд во првиот период постигна девет тројки од 13 обиди со шти постави рекорд на франшизата по бројот на постигнати тројки во една четвртина.

Леброн Џејмс блескаше во победата на својот тим со 25 поени, 7 скока и рекордни сезонава 17 аистенции. Кај Кавалирс уште се истакнаа и Кајл Корвер со 19 поени (6/9 тројки), Кевин Лав 17 поени и 12 скока, Џеф Грин со 17 и Хозе Калдерон со 14 поени (4/5 тројки).

Кај Атланта кја го забележа 21.пораз сезонава најекспониран беше Кент Бејзмор со 20 поени, 8 скока и 5 асистенции.

Резултати:

Детроит Пистонс-Денвер Нагетс 84:103
Њујорк Никс-ЛА Лејкерс 113.109
Бруклин Нетс-Вашингтон Визардс 103:98
Далас Маверикс-Сан Антонио Спарс 95:89
Минесота Тимбервулвс-Филаделфија 112:118
Сакраменто Кингс-Феникс Санс 99:92.

Scroll to Top