Двејн Кејси, кој според НБА беше најдобриот тренер во регуларниот дел од сезоната, и е најуспешниот тренер во историјата на Торонто репторс доби отказ само четири дена по испаѓањето во полуфиналето на Источната конференција. Кејси помина седум сезони со Репторси, остварувајќи 320-238 скор.
„По внимателно размислување, решив дека ова е тежок, но неопоходен чекор нашиот тим да оди напред. Ќе продолжиме да го славиме тоа што Двејн го направи за нашиот клуб и му посакуваме сѐ најдобро во иднина. Тој беше клучен човек во пронаоѓањето на идентитетот на тимот и горди сме за тоа“, вели во соопштението генералниот менаџер на клубот, Масаи Уџири.
Според „ЕСПН“, Репторси планираат за замена за Кејси да го земат поранешниот тренер на Атланта, Мајк Буденхолзер.
Под Кејси, Репторс освоија четири титули од Атлантик дивизијата и влегоа во плеј-офот пет сезони во низа. Оваа сезона тој ги предводеше до 59-23 скор во регуларната сезона за да бидат први носители на Истокот, но загубија во полуфиналето од Кливленд кавалирс.
Фото: ЕПА