Руди Гобер, центарот на Јута Џез, го обележа рестартот на сезоната во НБА лигата. Францускиот репрезентативец беше првиот заразен играч со коронавирусот во НБА лигата, поради неговото неодговорното однесување навивачите бараа да биде исфрлен од лигата, а соиграчот Донован Мичел се закани дека не сака да игра со него.
Четири и пол песеци потоа судбината посака токму Гобер да го обележи рестарто на НБА лигата.
Јута славеше против Њу Орлеанс 106:104, а првите и последните поени на натпреварот ги постигна Гобер. Откако погоди за победа во наредниот напад го блокираше Зион Вилијамсон.
Гобер натпреварот го заврши со 14 поени, 12 скока и три блокади.
Rudy Gobert has the first bucket for the NBA restart pic.twitter.com/MIQULizyTG
— Bleacher Report (@BleacherReport) July 30, 2020
Gobert Blocks Zion. pic.twitter.com/iDOanvgGaj
— Alex ? ?⚪️?. (@Dubs408) July 31, 2020