Top Sport

Ретро-шмек: Мајами хит или Мајами вајс? (видео)

Откако цел месец најавуваа, НБА клубот Мајами хит официјално ги претстави своите нови дресови со мотив од славната ТВ-серија „Мајами вајс“, кај нас попозната како „Пороците од Мајами“.

Играчите ќе ги носат новите дресови во мечот во четврток во дуелот со Сакраменто кингс во „Американ Ерлајнс“ арената, првиот домашен меч на тимот од 14 јануари.

Броевите на играчите ќе бидат во сина боја со црна и розева позадина, а зборот Мајами е напишан со истата розева боја и фонт кој се појавуваше на старата „Мајами арена“, каде што играа од 1988 до 1999 година.

Scroll to Top