Тренерот на кошаркарите на ЛА Клиперс Док Риверс смета дека неговиот играч Маркус Морис не заслужил исклучување на натпреварот со Далас Маверикс.
Морис со жесток старт го спречи Дончиќ да постигне поени, а според Риверс играчот се обидувал да дојде до топката и неговиот старт не бил со намера.
„Исклучен е само поради тоа што тој е Маркус. Мислам дека одеше на топка, неговата рака одеше кон топката, вакви стартови се случуваат секој ден“, рекол Риверс.
И без Морис, Клиперс го победија Далас и со вкпни 4:2 изборија пласман во полу-финалето во Западната конференција.
Hard foul from Marcus Morris on Luka, Luka goes after Morris. ?? pic.twitter.com/UqWyXpHj5z
— Hoop Central (@TheHoopCentral) August 30, 2020