Top Sport

Родман: Три пати го кршев пенисот

Легендарниот кошаркар Денис Родман неодамна во интервју за една британска телевизија раскажувал анегдоти од животот. Петкратниот НБА шампион, кој има две титули со Детроит Пистонс и три со Чикаго Булс, најмногу зборувал за својот сексуален живот. Рекол дека три пати го кршел пенисот.

„Бевме на некое крстарење, јас цел дена пиев и се забавував. До крајот на вечерта бев разбиен. Во еден момент завршив со некоја девојка. Во кабината имаше голем кревет. Во еден момент таа реши реши да скокне врз мене. Кога го направи тоа крв прскаше на сите страни, а таа викаше: ‘Боже го убив, мртов е’. И реков: ‘Не душо, само ми го скрши к…т. Морам да признам дека таа уживаше“, рекол Родман и открил дека нешто слично му се случило уште два пати.

Родман во минатото беше во врска со славната поп-ѕвезда Мадона. Во тоа време изјавуваше дека таа му нуди 20 милиони долари за да и направи дете.

„Играв покер во Лас Вегас кога таа ми се јави. Бараше веднаш да дојдам во Њујорк. Тие денови имала најмногу шанси да забремени. Веднаш ги оставив жетоните и заминав за Њујорк, ја завршив работата, се вратив во Лас Вегас и продолжив да се коцкам“.

Scroll to Top