Top Sport

Руди Фернандез до пензија останува во Реал Мадрид

Шпанскиот кошаркар Руди Фернандез го продолжи договорот со Реал Мадрид и останува играч на Кралевите до јуни 2022 година, соопштија од клубот.

Кралскиот клуб реши да остане верен на традицијата и да чува долгогодишни врски со кошаркарите.

Руди во 2022 година ќе има полни 36 години, па логично потоа ќе ја заврши кариерата.

Тој во Реал стигна во 2011 година по неуспешната епизода во НБА, во тимовите на Портланд и Орландо.

Тогаш беше еден од најплатените играчи во Европа, со нето плата од 2.7 милиони евра.

Фернандез со Кралевите освои се што можеше. Двапати Евролига, Шпанската лига петпати, а беше и член на најдобрата петорка во Евролигата во два наврати

Со години е една од најважните алки на шпанската кошаркарска селекција со која стигна до 5 златни медали – последниот во септември лани од Мундобаскетот во Кина.

Сезонава Руди Фернандез бележи просечно по 8,3 поени на меч, надополнето со 2,3 скока и 2 асистенции за околу 20 минути на теренот.

Scroll to Top