Алексеј Швед имал четири понуди од НБА лигата ова лето, но решил да остане во Европа и да игра за Химки, бидејќи е задоволен од финансиските услови, вели неговиот агент.
Во интервју за рускиот весник „Известија“, неговиот агент открива дека 29-годишниот шутер е задоволен од Москва.
„Секоја година доаѓаат НБА тимовите. Оваа сезона тоа беа Њу Орлеанс пеликанс, Мемфис гризлис, Минесота тимбервулвс и Феникс санс. Најдобриот договор вредеше 4 милиони долари, но тоа не ги покриваше нашите барања. Генералните менаџери на НБА тимовите треба да сфатат дека Алексеј не треба да се докажува и дека веќе го направи тоа со три години во лигата. Затоа, неговиот договор треба да е двократно поголем“, вели агентот.