Кошаркарскиот тренер на САД, Грег Поповиќ ќе смета на големи НБА ѕвезди за Светското кошаркарско првенство што годинава ќе се одржи во Кина.
Американските медиуми пренесуваат дека дел од селкцијата на САД ќе бидат Бредли Бил, Си Џеј Мекалум, Џејсон Тејтум, Лемаркус Олдриџ, но пред Поповиќ ќе се потпре на супер-ѕвездите Ентони „веѓата“ Дејвис, Џејмс „брадата“ Харден, Демијан Лилард, Кемб Вокер, Ерик Гордон, Донован Мичел, Андре Драмонд.
Новинарите на „Њујорк Тајм“ и „ЕСПН“, Марк Стејн и Адријан Војнаровски информираат дека и младиот Зајон Вилијамс ќе биде на кампот и ќе тренира со НБА-ѕвездите, но прашање е дали ќе биде меѓу 12-те што ќе патуваат во Кина.
На поширокиот список ќе има место и за Пи Џеј Такер и Пол Милсап.
Тренинг кампот ќе се отвори на почетокот на август, а Мундобаскетот во Кина започнува на последниот ден од август.
САД се во група со Турција, Чешка и Јапонија.
?
1950 Argentina
1954 USA
1959 Brazil
1963 Brazil
1967 Soviet Union
1970 Yugoslavia
1974 Soviet Union
1978 Yugoslavia
1982 Soviet Union
1986 USA
1990 Yugoslavia
1994 USA
1998 Yugoslavia
2002 Yugoslavia
2006 Spain
2010 USA
2014 USA
2019 ❓#FIBAWC #WorldGotGame pic.twitter.com/erc3RPDIEZ— Basketball World Cup (@FIBAWC) April 6, 2019
https://www.espn.com/olympics/basketball/story/_/id/26904472/sources-lillard-beal-part-usa-hoops-camp