Top Sport

САД во Токио без најголемите ѕвезди

Одложувањето за Олимписките игри потенцијално може да предизвика голем проблем во кошаркарската репрезентација на САД. Неколку големи ѕвезди наредното лето ќе имаат статус на слободни агенти, што во пракса значи дека нема да ќе пазат од евентуални повреди во ситуација кога треба да обезбедат нови договори.

САД, минатиот септември, на СП во Кина настапија со четвртиот состав и на крајот го освоија шестото место.

Поради тоа големите ѕвезди неа „наострени“ за ова лето и Игрите во Токио. Сепак истите поради коронавирусот ќе се одржат 365 дена подоцна.

Во 2021 година слободни агенти ќе бидат Леброн Џејмс, Каваи Ленард, Пол Џорџ, Демар Дерозан, Крис Пол, Мајкл Конли…

Поради тоа нивниот настап во Токио ќе биде под знак прашлник, бидејќи очекуваат да склопат „јаки“ договори, а подготовките на САД се закажани за 3 јули.

Scroll to Top