Top Sport

Сагата заврши – Ертел „раскина“ со Барса, од лето е во Реал!

Довчерашниот кошаркар на Барселона, Французинот Томас Ертел веќе не е член на клубот, потврди кошаркарскиот агент Мишко Ражњатовиќ.

Според информациите на шпанскиот новинар, Чема де Лукас, Французинот на лето потпишува за Реал Мадрид и тоа договор 1+1 година. Договорот на Ертел со Барселона беше до 2022 година, но соработката е прекината поради инцидентот по мечот со Фенербахче во Истанбул.

По тој меч на кошаркарот не му било дозволено да се врати со истиот авион во кој биле и кошаркарите на Барса затоа што откриено било дека има тајни преговори со Реал Мадрид.

Сега на половина од сезоната не е возможно да премине во редовите на Реал, а не постоеше опција да се пресели ниту во друг клуб од АЦБ лигата.

Играчот кој не се вклопуваше во плановите на тренерот Шарунас Јасикевичиус има 31 година, а бред да го носи дресот на каталонскиот тим беше дел и од Ортез, Стразбур, Аликанте, Басконија и Ефес.

Scroll to Top