Top Sport

Самарџиски: Нема да одбијам повик од Давитков

Предраг Самарџиски сезонава игра во МЗТ Скопје. Тој со своето искуство ќе се обиде да му помогне на тимот да се врати во АБА-лигата. Плејофот во АБА 2-лигата, МЗТ ќе го започне од втората позиција, а во полу-финалето противник ќе им биде екипа Спарс од Сараево.

Самарџиски беше дел од најславната генерација на македонската кошарка, која во 2011 година на ЕП во Литванија го освои четвртото место. Искусниот центар долго време нема настап за националниот тим, но не ја исклучува можноста да се врат во репрезентацијата.

„Никогаш не вели никогаш. Тоа сум го научил во текот на кариерата. Мислам дека шанса треба да добие младата екипа што го изнесе товарот во претквалификациите. Меѓутоа доколку бидам здрав, доколку стручниот штаб смета дека можам да помогнам, подготвен сум да го прифатам повикот“, рекол Самарџиски во интервју за „Спортклуб“.

32-годишниот центар во богата кариера настапувал за Водњански лисици, Партизан, ФМП Железник, Лијетувас Ритас, Олин Едрине, Црвена ѕвезда, Мерсин, Анкара, Бујукчекмече и Мега.

Scroll to Top