Сашо Филиповски (46) ја прифатил понудата да биде тренер на Партизан. Филиповски, во Белград, се сретнал со првиот човек на црно-белите, Остоја Мијаиловиќ и ги договорил условите под кои ќе го преземе водењето на рпвиот тим. Партизан во текот на денот официјално ќе го претстави Филиповски.
Сашо Филиповски на клубата на Партизан доаѓа на местото на Владо Шќепановиќ. Пред него е тешка задача да го врати Партизан на вистинскиот пат. Од почетокот на сезоната, Партизан има по два порази и три победи во АБА-лигата и Еврокупот.
Филиповски на клупата на партизан би требало да дебитира против Задар, во АБА-лигата.
Овој 46-годишен тренер е без работа од 2019 година кога ја заврши сезоната со Монако.
Претходно бил тренер на Банвит, Зјелона Гора, Олимпија, Лотоматика, Ростов и Туров, а беше и асистент во стручниот штаб на ЦСКА Москва.
Како тренер со Олимпија има по две титули во првенството, Купот и Супер купот на Словенија, со Зјелона има титула во првенството и Купот на Полска, а со Банвит го освоил Купот на Турција.