Top Sport

Се запалил авионот на Жалгирис, пилотот спречил трагедија

Авионот со кој кошаркарите на Жалгирис патувале во Атина, на натпреварот против Олимпијакос во Евролигата, се запали за време на летот.

Поради проблеми со сопирачките, едно тркало се запалило во моментот кога авионот го започнал спуштањето. За среќа инцидентот минал без последици, бидејќи пилотот со навремена реакција спречил трагедија.

Пилотот успеал да го исконтролира авионот, безбедно да го спушти авионот, а пожарот потоа бил изгаснал.

Интересно, кошаркарите на Жалгирис воопшто не го забележале пожарот. Информацијата дека имало пожар тие ја добиле откако излегле од авионот.

Литванскиот шампион, најпријатното изненадување ова асезона во Евролигата, вечерва против Олимпијакос ја започнува четврт-финалната серија во плејофот.

Scroll to Top