Top Sport

Сензација во Финска – Швајцарија ја победи Србија

Кошаркарите на Швајцарија ја шокираа Србија со победата 92:90 во квалификацискиот „меур“ во Финска.

Швајцарците ги искористија сите свои шанси против некомплетната Србија и со фантастичните проценти на шутевите за два и три поени, забележаа голема победа.

Швајцарските кошаркари погодија 16 од 30 обиди за два и 13 од 23 обиди за три поени.

На крајот ја заслужија победата во драматичната завршница. При резултат 90:87, Швајцарците не реализира напад, а на спротивната страна Анѓушиќ погоди за два и доби фаул, го реализираше слободното фрлање и израмни на 90:90.

Последниот напад на Швајцарија одеше на Ковач, кој од тешка позиција ги постигна поените за победа.

Херојот Ковач мечот го заврши со 14 поени, Марко Млаѓан постигна 18, а неговиот брат Душан 16 поени. Кај Србија се истакна Аврамовиќ со 23 поени, а по 20 кошеви уфрлија Анѓушиќ и Апиќ.

За два дена Србија ќе игра против Финска.

Scroll to Top