Сет Кари, кошаркарот на Филалдлефија ’76, во текот на натпреварот со Бруклин Нетс, дознал дека е позитивен на вирусот Ковид-19. Кари, не играше против Бруклин, поради повреда на зглобот. Тој во текот на првата четвртина дознал дека неговиот тест, направен во четвртокот е позитивен.
Откако дознал дека е позитивен, Кари, ја напуштил арената. Кошаркарите на Филалделфија ќе бидат повторно тестирани, а додека не ги добијат резултатите од тестовите сите ќе бидат во карантин.
Наредниот натпревар Филалдлефија треба да го одигра утре против Денвер, засега не е сигурно дека НБА ќе дозволи натпреварот да се игра.