Top Sport

Сезонски рекорд на Богдановиќ, Леброн предводник на Кливленд (Видео)

Седум натпревари се одиграа на терените во НБА лигата во текот на изминатата ноќ.

Кливленд на домашен терен го совлада Детроит 112:90 и ја прекина низата од два порази пред своите навивачи. Еден од најдобрите играчи во историјата на лигара Леброн Џејмс го предводеше својот тим со 31 поен, 7 скока и исто толку асистенции. На спротивната страна најрасположен беше Блејк Грифин со 25 поени.

Индијана славеше во дуелот со Милвоки 92:89, а хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ го израмни сезонскиот рекорд. Богдановиќ ги предводеше Пејсерс со 29 поени. Кај Милвоки се истакна Ерик Бледсоу со 26 поени.

Бостон без Кајри Ирвинг победи во Чикаго 105:89, а Сан Антонио славеше над Мемфис 100:98. Ветераните Тони Паркер и Пау гасол со по 23 поени беа најефикасни кај Спарс.

Победи заблежаа уште Мајами над Феникс 125:103, Јута во дуелот со Орландо 94:80 и Портланд против ЛА Лејкерс 108:103.

Scroll to Top