Грчкиот стратег Јанис Сферопулос е нов тренер на Црвена ѕвезда, соопшти денеска српскиот кошаркарски клуб, објавувајќи го наследникот на Душко Ивановиќ, кому вчера му беше врачен отказ.
Поранешниот тренер на Олимпијакос и Макаби Тел Авив потпиша двегодишен договор со клубот од Белград.
На клупата на Црвена ѕвезда ќе дебитира на утрешниот дуел против ФМП во рамки на 4. коло во регионалната АБА лига.
Сферопулос освои две грчки титули како тренер на Олимпијакос со кој два пати играше финале во Евролигата, во 2015 и 2017 година.