Top Sport

Шек е навистина голем – со порака за болниот кошаркар Каталиниќ (видео)

Матија Каталиниќ, младиот хрватски кошаркар на „Кастав“ кој веќе три години се бори со остоеосаркома, рак на коските, доби посебна видео-порака од НБА-легендата Шекил О’Нил.

„Матија тука Шек! Хрватска, што се случува момче! Сакам да ти кажам само дека те сакам брату. Држи се, опорави се, јас се молам за тебе. Не знам како се поздравувате во Хрватска, но ти кажувам – мир, брату“, порача О’Нил.

Каталиниќ доби порака и од најдобриот хрватски кошаркар, играчот на Индијана Пејсерс, Бојан Богдановиќ.


Scroll to Top