Top Sport

Шекил ги искористи 38 поени на Јокиќ за да го провоцира Руди Гобер

Шекил О’Нил, повторно упати провокативен коментар за милионскиот договор кој Руди Гобер го доби од Јута Џез. Францускиот центар, пред почетокот на сезоната, потпиша петгодишен договор вреден 200 милиони долари.

Шекил, го искористил Гобер, во анализата на натпреварот помеѓу Денвер и Далас, во кој Никола Јокиќ и Лука Дончиќ постигнаа по 38 поени.

Гобер со новиот договор стана најплатениот центар во историјата на НБА лигата. Шекил смета дека таков договор треба да добие Јокиќ. На легендарниот центар не му е јасно како Гобер кој во просек постигнува по 11 поени, добил толку богат договор.

„Ако 11 поени вредат 200 милиони долари, тогаш 38 поени би требало да вредат 600 милиони“, рекол Шекил во емисијата „Инсајд НБА“.

 

Scroll to Top