По шпекулациите дека ветеранот Коби Брајант би размислил за кам-бек кај својот поранешен клуб, Лос Анџелес лејкерс, самиот Брајант изјави дека не постојат такви планови, но неговиот поранешен колега од Лејкерс, Шекил О’Нил, вели дека тоа е одлична идеја.
„Сите знаат кој е Коби. Ми велите дека тој не може да им даде добри 15-20 минути по натпревар? Ако се подесат сите работи, и сите месечини и океани… Ако се врати на 40 години тоа ќе биде најголемата спортска вест во историјата. Продажбата на дресови ќе се зголеми тројно за еден ден. Сите ќе зборуваат за тоа. Не треба ниту да игра добро, само 15-20 минути како Лејкер. На Коби му се допаѓаат такви работи“, вели О’Нил.
Нема сомнеж дека враќањето на Брајант би било шок за цела НБА, но би создало неверојатна ситуација во која тој би бил клупски колега со Леброн Џејмс. Сепак, реално, ова сценарио е тешко остварливо.