Шекил О’Нил се расправал со колегите во студиото по неверојатната партија на Лука Дончиќ во победата над ЛА Клиперс 135:133. Словенецот мечот го заврши со 43 поени, 17 скока и 13 асистенции, а со звукот на сирената постигна тројка од 10 метри со која го реши победникот.
Ерни Џонсон, Кени Смит и Чарлс Баркли „полуделе“ во студиото по тројката на Дончиќ што не му се допаднало на Шекил.
„Овој натпревар беше..Шекил е лут што сите лудувавме во студиото“, рекол Баркли.
„Не, не само ви кажав да се смирите“, му возвратил Шекил.
„Зошто? Погледни го ова момче“, продолжил Џонсон.
„Лука е сјајен, но вакви работи сум гледал и во минатото“, рекол Шекил.
„Ова е нестварно. Мораш да го сакаш ова момче“, дополнил Кени Смит.
„Слушајте. Лука е фин, знае да игра“, ја продолжил Шекил својата теорија.
„Не Шек, не само што може да игра туку е брилијантен, ќе биде голем играч“, му одговорил Кени Смит.
„Добро, но дали е најдобриот бек во лигата? Стеф (Кари), Џејмс (Харден) или тој? Демијен (Лилард) исто“, прашал Шекил.
Во тој момент никој не сакал да одговори дали Дончиќ е најдобриот плејмејкер во лигата.
„Вакви работи сум видел од Стеф Кари, сум ги видел и од Џејмс Харден. Минатата недела ова го видов од Лилард. Смирете се малку“, им порачал Шекил на колегите.
„Ти си хејтер“, на крајот заклучил Баркли.