Кошаркарскиот клуб ЦСКА Москва е на добар пат да го ангажира најдобриот играч на Басконија Торнике Шенгелија. Преговорите помеѓу двата тима бил во завршна фаза.
За да го ангажира Шенгелија ЦСКА ќе мора да плати обесштетување бидејќи тој има договор со Басконија до 2022 година.
ЦСКА е на добар пат да состави моќна центарска линија откако пред две недели потпишаа договор со српскиот центар Никола Милутинов.
Шенгелија во кариерата играл во валенсија, Шарлроа, Пепинстер, Бруклин Нетс и Чикаго Булс.
Во 2018 година беше избран во најдобрата петорка во Евролигата.