Top Sport

Шоу на Бобан Марјановиќ пред мечот со Сакраменто (Видео)

Еден од највисоките кошаркари во НБА лигата Бобан Марјановиќ имал свое шоу пред почетокот на натпреварот помеѓу Далас Маверикс и Сакраменто Кингс.

Боби решил малку да им ги „стопли срцата“ на српските навивачи кои покрај него во Американ ерлајнс“ арената во Далас, дошле да ги видат и двајцата Срби од Сакраменто Немања Бјелица и Богдан Богдановиќ.

Марјановиќ со микрофонот во рацете пеел песна од Шабан Шаулиќ.

Инаку, Далас го победи Сакраменто со 130:111, а Марјановиќ мечот го завршил со три поени.

Scroll to Top