Top Sport

„Шутерска клиника“ на Клеј Томпсон, 10 тројки и 44 поени (Видео)

Голден стејт Вориорс ги декласираа Лејкерси во Лос Анџелес 130:111, а присутните во „Стејплс центар“ сведочеа на „шутерската клиника„“ на Клеј Томпсон. Бекот на Вориорс постигна десет тројки од 11 обиди и доколку во последниот период останеше на теренот ќе ги собореше сопствените рекорди.

Томпсон во првата четвртина постигна две тројки, а во втората му „се запали раката“, во серија погоди пет тројки и практично го реши победникот. Во втората четвртина тој постигна осум тројки, а првото промашување го имаше во финишот на полувремето.

Благодарение на Томпсон, Вориорс на полувреме имаа 45:45, а по три четвртини 110:80. Томпсон во првите три четвртини на теренот минал 27 минути и успеа да постигне 44 поени.

Неверојатно е дека тој до оваа бројка стигна без да изведе слободно фрлање. На крајот тој имаше шут 17/20 (10/11 за три).

Клеј трет пат сезонава, а 13. во кариерата постигна најмалку 40 поени. Ова за него беше петтиот меч во кариерата на кој постигнал двоцифрен број на тројки. Во оваа категорија е втор во историјата, зад својот соиграч Стеф Кари кој 12 пати во кариерата постигнувал најмалку десет тројки на натпревар.

Сите останати ѕвезди на Вориорс останаа во сенка на брилијантниот Томпсон. Кевин Дурент постигна 20 поени, а Стеф Кари забележа 11 поени и 12 асистенции.

Екипата на Голден стејт Вориорс е на лидерската позиција во Западната конференција со 33 победи и 14 порази.

Scroll to Top