Рајан Мутомбо, синот на легендарниот НБА кошаркар, Дикембе Мутомбо почна да гради кошаркарска кариера во Џорџтаун. Младиот кошаркар објави дека планира да игра на тамошниот колеџ, исто како што своевремено направи неговиот татко.
Рајан неодамна беше рангиран на 94-тата позиција на листата од 100 играчи составена од „ЕСПН“ за играчи од класата 2021 година.
Постоеја опции тој да заигра и за Аризона, Тенеси или Стенфорд, но младиот Мутомбо сепак се реши да тргне по стапките на татко му.
Ryan Mutombo commits to Georgetown https://t.co/6s5eF2AQsm
— Sportando (@Sportando) October 5, 2020