Top Sport

Синот Риверс бара да биде исклучен таткото Риверс (Видео)

Дуелот помеѓу Хјустон и Лос Анџелес Клиперс привлече големо внимание во американската јавност. Интересот е логичен бидејќи овие тимови се во најтесниот круг на фаворити за шампионската титула со своите супер-ѕвезди Џејмс Харден и Каваи Ленард.

Дуелот не донесе квалитетна кошарка, Хјустон победија 102:93, меѓутоа она што се случи во финишот ги изнасмеја Американците.

Поради жестоки протести мечот пред време го заврши тренерот на Клиперс Док Риверс. Комично е што кога во мометот кога Док започнал со протестите прв кој побарал од судиите да му покажат техничка бил неговиот син Остин Риверс кој игра за Хјустон.

На крајот Док не само што доби техничка туку и мораше да замине од теренот.

„Го забележав тоа. Требаше да реагира на тој начин“, рекол Док Ривер по натпреварот.

Scroll to Top