Top Sport

Скандал со начистички симболи (Фото)

НБА франшизата Хјустон Рокетс предизвика скандал на социјалните мрежи. Последиците се обидува да ги ублажи службата за односи со јавноста.

Хјустон за ја разбијат монотонијата што владее во овој период решиле да покренат интересна акција. Франшизата на навивачите им изработувала „валпејпери“ според нивните желби.

Навивачите можеле да изберат боја, број и име на дресот.

Еден навивач побарал бојата да биде црвена, го избрал бројот 88, а над бројот побарал да биде напишано името Адолф.

Луѓето кои работеле на оваа акција очигледно не биле свесни каква намера има „навивачот“.

Името Адолф било поради нацистичкиот лидер Хитлер, со црвената боја најчесто се обележуваа нацистичките движења, а бројот 88 ги претставува буквите „ХХ“ или во превод „Хајл Хитлер“.

Сликата веднаш била избришана, но сепак штетата веќе била направена.

Scroll to Top