Top Sport

Скола: Не, не е крај, продолжувам во Варезе!

Легендарниот аргентински кошаркар, Луис Скола одлучи да го одложи пензионирањето и потпиша договор со екипата на Варезе, пренесува „Кориере дела Сера“.

40-годишниот кошаркар изминатата сезона ја помина во Армани.

„Одлучив да не играм веќе во Евролигата, нити пак за Милано, ниту за некој друг тим“ – рече Скола неодамна.
Меѓутоа, Аргентинецот реши сепак да ја продолжи богатата кариера, што значи дека постои можност да игра со својата репрезентација на ОИ во Токио кои се одложени за следната година.

Тој кариерата ја започна во Аргентина, а во Европа заигра за Тау Керамика, како 18-годишник.
Играше и во неколку НБА тимови, а се проба и во првенството на Кина.

Две децении е еден од главните во националниот тим. Ја предводеше Аргентина до злато на ОИ во Атина 2004, а има со „гаучосите“ уште една олимписка бронза и две светски сребра.

Scroll to Top