Top Sport

Скутропулос : Судиите не го почитуваа Јанис

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Грција Танасис Скутропулос имал големи замерки на судењето по мечот на неговиот тим со Чешка. Грците ја победија чешка 84-77 но таа разлика не им беше доволна за да се пласираат во четврт-финалето.

Скутропулос особено бил лут на односот што судиите го имале кон најдобриот грчки играч Јанис Адетокумбо и кон плејмејкерот Ник Калатес.

„Јанис дојде за да ни помогне. Дава се од себе секој ден, не само на натпреварите. Но тука не доби почит каква што заслужува. Тука мислам на двете лични што му беа судени во напад. Говорам за третата и петтата лична грешка. Такви прекршоци не им се судат на вакви играчи“, рекол селекторот на Грција и дополнил.

„Уште подобар пример е Калатес. Играше 37 минути, цело време топката беше кај него, а над него беше досуден само еден фаул. Може некој да ми го објасни тоа. Два пати го турнаа и никој не реагираше. Истот се случуваше и со Јанис. Можеме да наброиме повеќе од 25 спорни ситуации“.

Scroll to Top