Челниците на Цедевита Олимпија решиле да ја прекинат соработката со тренерот Славен Римац, тврди „Спротандо“.
Цедевита Олимпија има четири порази во низа во АБА-лигата, со што го компромитира своето учество во плеј-офот.
Вчера, во драматичен натпревар Олимпија загуби од Приморска 69:72. Последните поени ги постигна поранешниот капитен на МЗТ, Марко Луковиќ, на една секунда до крајот на мечот.
Цедевита Олимпија е на делба на третата позиција во лигата со скор од десет победи и седум порази, но може да биде „прескокната“ од Црвена звезда доколку бранителите на трофејот попладнево победат кај Игокеа.
„Спортандно“ шпекулира дека нов тренер на Цедевита Олимпија ќе биде поранешниот тренер Јуре Здовц, или Јурица Големац кој пред два месеци ја напушти Приморска.