Top Sport

Славниот кошаркар се прошета во бело здолниште (фото)

Славниот НБА кошаркар Расел Вестбрук има посебен модел стил, но со тек на времето доби „конкуренција“ во младите играчи кои сакаат таков посебен стил. Затоа популарниот „Рас“ отиде чекор понатаму.

Во јавноста се појави со бело здолниште, со чизми на нозете, со бела блуза и косата ја обои зелено.

Ваквиот свој стајлинг го постави на ФБ.

Голем дел од неговите следбеници останаа зачудени од новиот модел облик на Вестбрук, но осамнаа коментари и од типот: „Со здолниште или не, Рас ќе ве уништи на паркетот“.

Вестбрук од ова лето е нов член на ЛА Лејкерс во лов на својата прва НБА титула во кариерата.

Scroll to Top