Top Sport

„Со мозокот на Ирвинг птица би почнала да лета наназад“

Поранешниот кошаркар Кендрик Перкинс, НБА шампион со Бостон Селтикс, нема проблем јавно да го каже своето мислење. Во совјата последна изјава тој „удри“ по ѕвездата на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг.

Ирвинг кој поради повреда во февруари ја заврши сезоната е предводник на незадоволните играчи кои сметаат дека сезоната не треба да продолжи. Според Ирвинг не е проблем коронавирусот туку дека најпрвин треба да бидат решени расните разлики во САД.

„Доколку сега го земете мозокот на Ирвинг и го ставите во главата на некоја птица дали знаете што ќе направи птицата? Ќе започне да летат наназад, бидејќи Ирвинг е целосно збунет“, рекол Перкинс.

„Никој не го слуша кајри. НБА лигата ќе продолжи. Се што се прави од страна е да се создаде непотребна драма меѓу НБА браќата, а тоа во вакви времиња не ни е потрeбно. Пред десет дена рече дека ќе игра, сега вели дека не сака да игра. Што се смени за толку кратко време? Апсолутно ништо.“

„Можеби малку претерав со изјавата околу птицата, но во моите очи тој е еден збунет лидер и јас никако не би застанал на негова страна“, заклучил Перкинс

Scroll to Top