Top Sport

„Соколите“ без шанси против Блокотехна

Кошаркарите на Блокотехна забележаа победа над Карпош Соколи 84:50 во претпоследниот натпревар од осмото коло во домашното првенство.

Блокотехна во првите десет минути ја обезбеди победата против „Соколите“ каде финасиската криза си го направи своето и на овој меч играа со осум кошаркари. Блокотехна првата четвртина ја доби со 30:11.

Колев со 22 поени и 6 скока го предводеше победникот, додека кај Карпош се истакна Богдановски со 17 поени и 5 скока.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');