Стеф Кари, четирикратниот шампион во НБА, во солзи го заврши овогодинешното финале Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс го победија Бостон Селтикс со 4-2 во серијата и по седми пат станаа шампиони во НБА.
За најкорисен играч во финалето беше прогласен плејмејкерот на Вориорс, Стеф Кари. Најдобриот шутер во историјата на НБА лигата прв пат во кариерата ја доби наградата наречена по легендарниот Бил Расел. Претходно, Кари, ја доби и наградата Меџик Џонсон, која му се доделува на најдобриот играч во финалната серија на Западот.
Како што можете да видите на видеото, тој во солзи го заврши ова финале, а потоа гласно извика: „Го направивме тоа!“. Кари овие моменти ги нарече нереални со порака дека вакви работи не се земаат здраво за готово.
Голден Стејт Вориорс го создадоа еден од најдоминантните тимови на сите времиња, тим кој ќе остане впишан со златни букви на страниците на кошаркарската историја.
Steph gets emotional after winning his 4th ring ? pic.twitter.com/5fC5qFk8bS
— Bleacher Report (@BleacherReport) June 17, 2022