Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра неверојатно прво полувреме против екипата на Милвоки Бакс. Тој за 14 минути и 33 секунди игра успеа да забележи трипл-дабл. Никој претходно не успеал за толку кратко време да стигне до двоцифрени бројки во три статистички категории.
Јокиќ во првиот дел на теренот бил 16 минути и за тоа време збележал 16 поени, 11 скока и 12 асистенции. Претходниот рекорд за најбрз трипл-дабл бил во сопственост на Џим Такер, кој во 1955 година во дресот на Сиракјуз за 17 минути остварил трипл-дабл.
На крајот српскиот репрезентативец зад своето име во статистиката запиша 30 поени, 17 асистенции, 15 скока и 2 блокади и го забележа 11. трипл-дабл во кариерата.
Nikola Jokic just registered the fastest triple-double in NBA history. pic.twitter.com/mHOr6vUa2b
— ESPN Australia & NZ (@ESPNAusNZ) February 16, 2018
Србинот е првиот играч кој на еден натпревар забележал најмалку30 поени, 17 асистенции, 15 скока и 2 блокади од сезоната 1973/1974 кога како статистиќка категорија биле воведени и блокадите.
Трипл-дабл на спротивната страна оствари и Јанис Адетокумбо. „Грик Фрик“ мечот го заврши со 36 поени, 11 скока и 13 асистенции.
Денвер на крајот го победи Милвоки 134:123, а покрај Јокиќ блескаа кај Нагетс Гери Херис со 28 и Џамал Мареј со 26 поени.